Вест Хем се самоуништија во Њукасл

Вест Хем се самоуништија во Њукасл

пред 3 години

Фудбалерите на Њукасл, во трилер натпревар, слева победа над Вест Хем јунајтед 3:2. Њукасл со оваа победа се одалечија од опасната зона, додека Вест Хем останаа без важни бодови, во борбата за четвртото место.

Вест Хем јунајтед, два пати, се самоуништија на „Сент Џејмс парк“. Првиот пат во периодот од 36. д 41.минута, а вториот во 83.минута кога дозволија противникот да го постигне третиот гол.

Диоп си постигна авто-гол во 36.минута, а Доусон во истата минута го доби вториот жолт картон. Пет минути подоцна, голманот Шчесни со катастрофална реакција му овозможи на Жоелингтон да ја зголеми предноста на Њукасл.

Вест Хем, со играч помалку во вториот дел извршија силем притисок кон голот на Дубравка и на крајот успеаја да израмнат. Диоп намали во 73.минута, а пет минути подоцна Лингард израмни од пенал.

На крајот играчот на арсенал, позајмен во Њукасл, Вилок, го реши натпреварот. Тој во 81.минута влезе во игра, а две минути подоцна го постави конечниот резултат.

Share
Scroll to Top