ПСЖ подготвени да ги продадат Верати и Донарума

ПСЖ подготвени да ги продадат Верати и Донарума

пред 1 година

„Тутомеркато“ тврди дека иднината на Џанлуиџи Донарума и Марко Верати во Пари Сен-Жермен е неизвесна, бидејќи францускиот гигант планира да се откаже од повеќе играчи во летниот преоден рок.

Иако имаат седум поени предност пред Олимпик Марсеј во француската Лига 1, главната цел на парижани останува неисполнета, по елиминацијата од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Донарума, иако пристигна во ПСЖ само во 2021 година како слободен играч од Милан, не ги исполнува очекувањата на спортскиот директор Луис Кампос, а во минатото клубот беше безмилосен кон голманите, продавајќи ги Кејлор Навас и Алфонс Ареола.

Од друга страна, Верати ја игра својата 11. сезон на „Паркот на принцовите“, и иако има договор до 2026 година, подолго време има шпекулации дека ќе се врати во Италија за првпат да заигра во Серија А, бидејќи на почетокот на кариерата играше во Пескара во Серија Б пред да замине во Франција.

Share
Scroll to Top