Финикс Санс ќе се борат за титулата во НБА лигата

Финикс Санс ќе се борат за титулата во НБА лигата

пред 3 години

Кошаркарите на Финикс Санс ќе се борат за титулата во НБА лигата. Санс, ја освоија Западната конференција, откако финалето против Лос Анџелес Клиперс го добија со 4:2. Шестиот меч од серијата, Санс го добија со 130:103. Финикс по пауза од две децении повторно ќе се борат за шампионскиот прстен во НБА лигата.

Најискусниот во редовите на Финикс, Крис Пол, беше вистински лидер на својот тим. Пол натпреварот го заврши со 41 поен (7/8 тројки), четири скока и осум асистенции. За 36-годишниот Пол ова ќе биде прво финале во кариерата. Најблиску до Пол беше Девин Букер со 22 поени, односно Диандре Ејтон со 16 поени и 17 скокови.

Маркус Морис за Клиперс постигна 26 поени, пет повеќе од Пол Џорџ.

Финис во големото финале ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Атланта Хокс и Милвоки Бакс. Резултатот во оваа серија е 2:2.



Share
Scroll to Top