„Да не се лажеме во реваншот немаме шанси“

„Да не се лажеме во реваншот немаме шанси“

пред 3 години

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по убедливиот пораз од ПСЖ (1:4), признал дека неговиот тим нема шанси во реваншот да избори четврт-финале во Лигата на шампионите.

Килиан Мбапе со хет-трик ја декласира Барселона, иако неговиот тим имаше гол негатива.

„Не се браневме добро кај третиот гол. Тоа ни предизвика голема штета, но такви работи се случуваат. Мораме да признаеме дека беа подобри. Покажаа дека имаат комплетен тим. Секогаш морате да играте и реванш. Би можел да ве лажам, но по пораз од 4:1 немаме некакви шанси…“, рекол Куман.

Реваншот во Париз ќе се одигра на 10.март.

Share
Scroll to Top