Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кој неодамна го победи Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, има нова партнерка.
Шпанските медиуми пишуваат дека се работи за младата француска тенисерка Лола Марандел.
Таа е далеку од светскиот врв, барем кога е тенисот во прашање, но ретко кој може да ѝ парира кога е убавината во прашање.
Според некои шпански медиуми, тие неодамна се дружеле во Ница, но врската ја држат во тајност.
Лола е многу популарна на социјалните мрежи.
Таа неодамна го прослави својот 21 роденден, што е малку постара од Карлос.