Аниматорот на „Малата сирена“ Ренди Фулмер почина на 73-годишна возраст, пренесе „Метро“. Фулмер работеше на многу анимации на „Дизни“, вклучувајќи ги „Кралот лав“ и „Убавицата и ѕверот“.
Веста ја ојбавија и од „Волт Дизни“ за „Вараети“ кој потврдија дека починал од рак на 10 јули. Дон Хан, кој работеше со Фулмер, за него рече дека иако повеќето луѓе се добри во само една работа во животот, покојниот аниматор бил добар во многу работи.
„Можеше убаво да црта и слика, но имаше ум на инженер и срце на занаетчија. Беше одличен во анимација, одличен во филмска продукција. Беше во самиот центар на ренесансата на „Дизни“ во анимацијата. Ми недостига, а неговата страст и радост ќе ја носам со себе секој ден“, рече Хан за „Вараети“.