Пејачот Даниел Кајмакоски објави фотографии со синот Стефан и сопругата Марина како уживаат на одмор.
„Создаваме убави спомени“, напиша Кајмакоски.
Стефан се роди во април оваа година, а пејачот веќе го има синот Давид, со бившата сопруга Кристина Димитри. Кајмакоски живее во Белград со својата сопруга, Марина. Тој на почетокот на годината објави фотографии од венчавката.