Калин Ивановски го освои турнирот во Австрија

Калин Ивановски го освои турнирот во Австрија

пред 1 година






Македонскиот тенисер Калин Ивановски е победник на турнирот во Крамшах, Австрија. Тој во финалето доминантно го совлада Ли од Јужна Кореја со 2:0 во сетови.

Калин Ивановски беше втор носител на фјучерсот во Австрија.

Македонецот наметна свој ритам уште на стартот од мечот и го доби првиот сет со 6:2 во гемови.

Ивановски продолжи со идентично темпо и во вториот сет, го доби исто со 6:2 во гемови, и го комплетираше мечот.






Share
Scroll to Top