Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, повторно му го активираше профилот на американскиот рапер Кание Вест, пренесоа американските медиуми. Претходно твитерот на Вест му беше деактивиран поради ширење антисемитизам и фалење на Адолф Хитлер и нацистите, а објави и слика со свастика.
Маск му го суспендираше на одреден период, а откако му го врати, раперот вети дека повеќе нема да го користи „Твитерот“ за ширење говор на омраза.