Пандев: Не смееме да ги примиме „Комитите“, забраната е од ФФМ

Пандев: Не смееме да ги примиме „Комитите“, забраната е од ФФМ

пред 1 година

Ребрендираниот тим на АП Брера Струмица утре ќе биде домаќин на најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига. Иако имаше најави дека „Комитите“ ќе можат да гостуваат, а струмичкиот клуб се потруди да постави и монтажна трибина, сепак, тоа нема да се случи.

„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме допис од ФФМ дека не смееме да ги примиме ‘Комити’ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме сѐ што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Горан Пандев.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 17 часот.

 

Share
Scroll to Top