Амрабат се прости со навивачите на Фиорентина

Амрабат се прости со навивачите на Фиорентина

пред 11 месеци

Ѕвездата на Фиорентина, Софија Амрабат потврди дека си заминува од италијанскиот клуб ова лето, откако на социјалните мрежи се прости со навивачите на Виола, велејќи дека „бил горд дека бил дел од овој тим“.

Мароканскиот интернационалец предизвика внимание од Манчестер јунајтед и Барселона уште на Светското првенство во Катар, а и вчера во финалето на Конференциската лига против Вест хем беше убедливо најдобриот играч на теренот.

„Горд сум што бев дел од овој тим, го дадовме максимумот цела сезна и стигнавме до две финалиња. Да се загуби во двете финалиња бешетешко за играчите и за фановите, навистина сакавме да успееме во тоа и тоа ми останува најголемата болка. Сакам да се заблагодарам на сите во клубот, на сите тренери, и на сите кои помогнаа да се бориме на највисоко ниво. До нашите фанови, дојдовме дотука поради вашата поддршка“, вели Амрабат.

Оваа порака доаѓа неколку часа откако неговиот брат Нордин за „ЕСПН“ изјави дека со следниот трансфер Софијан сака да стигне до врвот.

Share
Scroll to Top