Дефанзивецот на Рома, Роџер Ибањез, би можел да замине од „Олимпико“ ова лето. Тој доби привлечна понуда од саудискиот клуб Ал-Ахли и најверојатно ќе го напушти тимот. На прагот е да стане нов соиграч на Езгјан Алиоски.
Евентуалното заминување на Ибањез ќе биде сериозен удар за одбраната на „волчицата“.
Ибањез пристигна во Рим пред три години од Аталанта и брзо стана главен столб во тимот, со преку 100 настапи за Рома.
За 24-годишниот Бразилец е заинтересиран и премиерлигашот Нотингем Форест.