(Видео) Рита Ора јадеше гулаб и скокаше од авион во емисијата на Бер Грилс

(Видео) Рита Ора јадеше гулаб и скокаше од авион во емисијата на Бер Грилс

пред 1 година

Пејачката Рита Ора (32) му се придружи на славниот авантурист Бер Грилс (47) во новата епизода од неговото шоу на National Geographic, Running Wild with Bear Grylls: The Challenge. Бер ја однесе на дводневна авантура во Невада, а Рита рече дека прво морала да стигне до местото каде што ќе започне нивниот опстанотк во дивината. Со себе рече дека си понела спреј за грло и балсам за усни.

За да стигне таму, Рита мораше да скокне од авион. Рече дека била среќна и весела пред да скокот, иако на почетокот и требало мало туркање. За време на летот ѝ излета мала пцовка, но ова искуство рече дека ѝ било одлично.

„Ова беше неверојатно. Какво возење“, рече Рита која додаде дека вистинската авантура се случила потоа.

Пејачката рече дека успеала да преживее во негостопримлива средина. Бер е познат по своите интересни методи за преживување, а некои од нив ѝ ги покажа и на Рита за време на снимањето.

Во пустината морале да одат во потрага по вода. Кога нашле локва со кал ја собрале во стар чорап и ја исцедиле водата во шише. Наишле и на огромна змија, но Рита рече дека не се исплашила и дека била храбра. Бер ја научил да се качува по карпи. Иако ѝ било страв на почетокот подоцна го совладала.

Рита рече дека еден од најинтересните моменти во емисијата ѝ била вечерата со печен гулаб кој го нашле во пустина.

За потсетување пејачката се венчаше со режисерот и комичар од Нов Зеланд Таика Ваитити. Неодамна и сподели фотографии од венчавката. Двајцата се запознале во 2018 година на приватна церемонија во Лос Анџелес, а почнале да се забавуваат во 2021 година.

 

Share
Scroll to Top