Состојки:
– 500 гр овесна каша
– 1 банана
– 3 лажици какао
– 1 јаболко
– 1 лажичка цимет
– 1 лажица мед
– брусница, суво грозје по желба
– 3 јајца
Подготовка:
Потопете ја овесната каша во вода половина час додека да набабри (по желба можете да користите и млеко – соја или бадемово).
Јаболкото измијте го и изрендајте го во сад. Излупете ја бананата, изгмечете ја и додадете ја во јаболкото и убаво измешајте.
Во овошјето додадете какао, цимет, мед и јајца и сè убаво измешајте.
Додадете ја овесната каша и повторно добро измешајте додека не добиете еднолична смеса.
Калапот обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата.
Колачот се пече околу 40 минути на 180 степени.
На печениот колач во цик-цак шара истурете ја растопената темна чоколада и по желба посипете ја со ореви или бадеми.