Американците го прегазија Јордан, Србија лесно против Јужен Судан

Американците го прегазија Јордан, Србија лесно против Јужен Судан

пред 1 година

Кошаркарите на САД го совладаа Јордан со 110:62 во последниот натпревар од групата Ц на Мундобаскетот. Американците на тој начин го завршија натпреварувањето во групната фаза со максимални три победи, додека Јордан исто толку пати беше поразен.

Селекторот на САД, Стив Кер, денеска им даде шанса на сите кошаркари, а во ниту еден момент не беше доведена во прашање убедливата победа.

Најдобар во победничкиот тим беше Ентони Едвардс со 22 поени, Боби Портис постигна 13, а Џерен Џексон имаше поен помалку.

Во составот на Јордан се истакна Ронд Холис-Џеферсон кој натпреварот го заврши со 20 поени.

Репрезентацијата на Србија со трет последователен убедлив триумф ја комплетираше групната фаза од Светското првенство, откако славеше над Јужен Судан со 115:83.

Најефикасни во селекцијата на Светислав Пешиќ беа Никола Јовиќ со 25 поени и Богдан Богдановиќ со 23 поени.

Грузија ја победи Венецуела со 70:59 и ќе патува меѓу шеснаесетте најдобри, доколку Словенија ја оправда фаворитската улога против Зеленортските Острови.

 

Share
Scroll to Top