Сара Џесика Паркер го вдоми мачето од новата сезона од „Сексот и градот“: Ова е Лотус

Сара Џесика Паркер го вдоми мачето од новата сезона од „Сексот и градот“: Ова е Лотус

пред 1 година

Во претпоследната епизода од втората сезона Just like that е појавува мачето Шу што го освои срцето на Кери Бредшо, а во реалниот живот ја воодушеви и актерката Сара Џесика Паркер. Таа сподели фотографии од него со следбениците на својот Инстаграм профил и им откри дека претходно го посвоила.

– Неговото вистинско име, надвор од камерата, е Лотус. Тој и неговото семејство беа спасени кога беа мали мачиња, а семејството пристигна во Паркер/Бродерик во април оваа година – напишала Сара мислејќи на себе и сопругот Метју Бродерик (61).

Таа, исто така, објасни како, претходно во мај минатата година, ги посвоиле Реми и Смајли, другите мачки што веќе ги имале пред Лотус.

Како што е прикажано во втората сезона, Кери во серијата поради сложената врска со Ејден не може да поминува време со него во нејзиниот стан, па повремено го изнајмува станот на Че.

По неуспешното снимање на серијата во Лос Анџелес, тие се враќаат на старата работа во ветеринарна клиника каде случаен минувач остава маче најдено на пат. Кери ги наоѓа Че и мачето во станот, а по кратка огорченост, Кери решава да го задржи малиот Шу бидејќи тој се стркала во кутија со скапи чевли.

Share
Scroll to Top