(Видео) Верверичка се појави на теренот додека се играше тенис на УС Опен

(Видео) Верверичка се појави на теренот додека се играше тенис на УС Опен

пред 1 година

Верверичка се појави на теренот на УС Опен за време на мечот во двојки меѓу Звонарева и Зигемунд со Монтгомери и Енгоне. По краткото шоу верверичката се врати кај задната линија на едниот дел од теренот и истрча на трибините.

Деновиве на турнирот се случуваат многу невообичаени случки. Така неодамна тенисерката Марија Закари му се жалела на главниот судија дека многу мирисала на марихуана на трибините. Тоа е затоа што во близина на Централниот терен, од околниот парк често доаѓа до миризбата од метроата и автобусите.

За потсетување, на турнирот Ѓоковиќ синоќа го совлада Хрватот Борна Гојо со 3:0 во сетови 6:2, 7:5, 6:4 и во четвртфинале ќе игра против одличниот американски тенисер Тејлор Фриц кој долго време е во Топ10.

Во осминафиналето играат Дрејпер со Рубљов, Алкараз со Арналди и Медведев со Де Минаур. Кај жените во осминафинале ќе играат Стернс со Вондрушова, Кејс со Пегула, Жабур со Женг и Касаткина со Сабаленка. Во 1/4 финале познати се паровите Кирстеа со Мухова и Остапенко со Коко Гауф.

Share
Scroll to Top