Коки утре ќе има концерт во Штип во чест на Дуле

Коки утре ќе има концерт во Штип во чест на Дуле

пред 1 година

Марама“, „Мене место не ме фаќа“, „Колку треба да се плати“, „Виолина и гитара“ се само дел од хитовите кои утревечер ќе се пејат во Домот на млади во Штип. Токму таму со почеток во 20:30 часот виолинистот Коки Јанков организира концерт симболично насловен „Дуле и Коки 2013-2023“ една деценија по смртта на својот соработник Душан Љубисављевиќ- Дуле.

„Во сеќавање на Дуле и на периодот од десет години, ќе направиме концерт со нашите песни“, рече Коки денес во изјава за медиуми.

Тој посочи дека неслучајно Дом на млади е избран како место за концертот бидејќи таму биле и нивните музички почетоци.

„Драго ми е што целата оваа приказна е на едно високо и добро ниво, а публиката тоа го препозна. Тоа вреди да се испочитува, така што на 15-ти септември се очекуваат луѓе од повеќе градови. Важно е луѓето да дојдат расположени и да ја запаметат таа вечер, се надевам дека нема тука да застанеме, дека ќе можеме да се среќаваме и да градиме спомени“, рече музичарот.

На сцената ќе бидат деветмина и како што рече тој, ќе дадат сѐ од себе за да биде сѐ како што треба. Билетите веќе се пуштени во продажба по цена од триста денари, а цената на врата ќе изнесува 400 денари.

Share
Scroll to Top