(ВИДЕО) Бојан Миовски стрелец за Абердин против Хелсинки

(ВИДЕО) Бојан Миовски стрелец за Абердин против Хелсинки

пред 1 година

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски му донесе реми (1:1) на Абердин на мечот против Хелсинки во Конференциската лига на УЕФА. Финскиот тим имаше предност со голот на Бојан Радуловиќ во 59.минута, но Миовски постигна прекрасен гол за израмнување во 79.минута од мечот.

Зрињски се држеше на „Вила парк“ со судиското полувреме, а потоа Астон Вила сепак го проби бедемот на босанскиот тим со голот на Мекгин и славеше со 1:0.

Џошуа Кинг беше двоен стрелец за Фенербахче во триумфот од 1:2 на гости против Спартак Трнава. Милан Ристовски во домашниот тим влезе во игра во 75.минута.

Генк го победи Чукарички на гости со 0:2, а Фиорентина и Ференцварош ремизираа 2:2.

Share
Scroll to Top