Гатузо кандидат за тренер на Јувентус

Гатузо кандидат за тренер на Јувентус

пред 3 години

Катастрофалната сезона на Јувентус се ближи кон крајот. „Старата дама“ не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, во Лигата на шампионите испадна во осмина-финалето од Порто, па ниту евентуалниот триумф во Купот, нема да го подобри впечатокот.

Италијанските медиуми тврдат дека цејот за лошата сезона прв ќе го плати тренерот Андреа Пирло. Ма Апенините наголемо се шпекулира околу името на неговиот наследник.

Во клубот би сакале да го видат Зинедин Зидан, но прашање е дали Јувентус може да ги испрати финансиските барања на тренерот. Вискот котира и името на поранешниот тренер Масимилијано Алегри.

Минатата недела се појави информација дека во комбинација е и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Последен кој се најде на списокот на потенцијален наследник на Пирло е неговиот голем пријател, Џенаро Гатузо.

Рино, со Наполи брка пласман во Лигата на шампионите. Во оваа ситуација тоа би бил огромен успех за клубот, меѓутоа Гатузо не е во добри односи со претседателот Аурелио Де Лаурентис. Речиси е сигурно дека Гатузо ќе го напушти Наполи.

Медиумите тврдат дека доколку Гатузо добие понуда, истата би ја прифатил без размислување.

Share
Scroll to Top