Рецепт за посна штрудла со ореви

Рецепт за посна штрудла со ореви

пред 1 година

Состојки:

– 350 гр брашно тип 500

– 150 гр јако брашно

– 1/2 лажичка сол

– 2 лажици ванилин шеќер

– рендана кора од лимон

– 4 лажици масло

– 3 dl млака вода

– 15 гр свеж квасец

Фил:

– 450 гр мелени ореви

– 15 лажици џем од кајсии

– 1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте квасец, малку шеќер, малку вода и брашно и оставете го да нарасне на топло место.

Истурете ги сувите состојки во садот за матење, измешајте ги, направете вдлабнатина, додадете ги течните состојки и додадениот квасец. Замесете мазно тесто, добро спакувајте го и оставете го да нарасне.

Поделете го на три дела,  покријте ги и оставете ги да одморат околу 15 минути. За тоа време направете го филот – соединете ги сите наведени состојки и поделете на три дела.

Секоја кора расукајте ја во правоаголник со приближни димензии 30х25 см, покријте ја со фил и завртете ја штрудлата (на пошироката страна). Штрудлите премачкајте ги со масло и оставете ги да одморат околу 20 минути.

Печете ги во загреана рерна на 180 до 200 степени околу 25 минути.

Изладената штрудла посипете ја со шеќер во прав.