Пронајдени се остатоци од телата на жртвите од подморницата „Титан“

Пронајдени се остатоци од телата на жртвите од подморницата „Титан“

пред 1 година

Инженерите ги извлекоа остатоците од телата на жртвите и остатоците од подморницата „Титан“ која експлодираше во јуни за време на туристичка обиколка на остатоците од бродот „Титаник“ во Атлантскиот океан, кога загинаа сите пет патници, соопшти американската крајбрежна стража.

Претставници на крајбрежната стража во вторникот изјавија дека дополнителни делови од подморницата биле извадени од морското дно минатата недела и однесени во американското пристаниште, пренесе Би-Би-Си.

Според извештаите, медицинските службеници ќе ги анализираат човечките останки. Подморницата „Титан“ експлодираше на 18 јуни за време на експедиција преземена со цел туристичко набљудување на остатоците од „Титаник“ во северниот дел на Атлантикот, во близина на брегот на Њуфаундленд, Канада.

Потонатиот брод „Титаник“ лежи на длабочина од 3.800 метри.

Американската компанијаОушан Гејт, која организираше патувања со подморници на локации низ светот, ги прекина сите операции по катастрофата.

Меѓународната истрага за несреќата продолжува, а крајбрежната стража најави дека ќе се одржи јавна расправа. Во несреќата загинаа четворица туристи и извршниот директор на компанијата, кој управуваше со пловилото.

Share
Scroll to Top