По поминати пет месеци на кинеската вселенска станица, тројца кинески астронаути денеска се вратија на Земјата.
Повратната капсула на вселенското летало „Шенжу 16“ беше забавена со голем падобран и слета во близина на вселенското пристаниште Џиукван во пустината Гоби, објави државната телевизија.
Астронаутите Жу Јангжу, Гуи Хаичао и командантот Џинг Хаипенг полетаа во вселената на 30 мај. Пред нивното враќање на Земјата, новиот тричлен екипаж се упати во четвртокот со вселенското летало „Шенжу 17“ до вселенската станица Тијангонг.
Тоа беше втора промена на екипажот од пуштањето во употреба на станицата претходно оваа година и 12-та вселенска мисија за Кина во 2023 година.
Командант на новата мисија е 48-годишниот Танг Хонгбо – вселенски ветеран, кој се вратил на Земјата пред две години по тримесечен престој во вселената во мисијата „Шенжу 12“. Со него 33-годишниот Танг Шенџи и 35-годишниот Џијанг Ксинлин првпат полета во вселената.
Гледајќи ја просечната возраст, тоа е најмладиот екипаж што Кина го испрати во вселената. Кина ја зајакнува својата вселенска програма и планира да испрати астронаути на Месечината во 2030 година.