Не е тајна дека iPhone е прилично скап гаџет, имајќи предвид дека најскапиот модел од серијата iPhone 14 чини речиси 2000 долари.

Сепак, интересно е што еден од најскапите модели на iPhone деновиве е продаден за многу повеќе. На почетокот на овој месец, неотпакуван модел на iPhone од 2007 година беше продаден на аукција за 39.339 долари.

Неименуван купувач платил речиси 40.000 долари за уред со застарени спецификации, но од друга страна, 8GB простор и камера од 2MP ќе испише интересна страница во историјата, особено ако се има предвид фактот дека се работи за iPhone кој никогаш не бил користен.

Иако аукциската куќа LCG Auction очекуваше да го продаде овој iPhone по цена над 30.000 долари, сепак изненадување е постигнатата цена од речиси 40.000 долари.