Најмалку седум лица се повредени денеска кога се урна голем бор во паркот на бањскиот центар во тосканскиот град Монтекатини во близина на Пистоја во Италија.
Меѓу повредените има и полицајци и директорот на спа центарот, кој со хеликоптер е пренесен во болница во Фиренца.
Според првичните информации, ничиј живот не е во опасност, соопшти „АНСА“.
Борот утрово се урна додека полицијата и персоналот од термалните бањи Монтекатини го истражуваа вандализмот што се случи во текот на ноќта во бањскиот центар.
Текстот Драма во Италија: најмалку седум лица се повредени откако бор паднал во паркот на спа центар е превземен од МАКФАКС.