Израелската армија објави дека го ликвидирала командантот на Хамас, Ахмед Сиам, кој „држел околу 1.000 жители на Газа како жив штит во болницата Рантиси“.
Во соопштението се вели дека, по разузнавачките информации собрани од Шин Бет и Дирекцијата за воено разузнавање, израелските војници упатиле борбен авион да ја нападне локацијата каде што се наоѓал Сијам, командантот на единицата Насер-Радван на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Војската соопшти дека Сијам бил убиен додека се криел во училиштето Ал Бурак во градот Газа, заедно со други оперативци на Хамас под негова команда.
Пред два дена израелската армија тврдеше дека Сијам спречува околу 1.000 Палестинци да се евакуираат од болницата Рантиси во северниот дел на Газа.
Текстот Израел: Убиен командантот на Хамас кој држеше 1.000 жители во болница како жив штит е превземен од МАКФАКС.