Тренчевска: Продолжуваме со позитивни искуства со UNHCR исто како досега

Тренчевска: Продолжуваме со позитивни искуства со UNHCR исто како досега

пред 1 година

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува пет годишниот мандат во Република Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за напредокот на земјата во изминатиот период и за соработката која државата ја има со UN агенциите.

Сандри на средбата зборуваше за кризата со миграциите и за интеграција на бегалците во државата истакнувајќи дека интеграцијата може да се постигне со обезбедување на поголем пристап до сите материјални добра.

Тренчевска се заблагодари за пет годишната соработка со Сандри и ѝ посака успешна понатамошна работа.

Текстот Тренчевска: Продолжуваме со позитивни искуства со UNHCR исто како досега е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top