Усвоена е Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”

пред 3 години

Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Народната банка во рок од пет дена до Владата треба да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”.

„Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма кои се од нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените Буџети“, соопшти Владата.

Share
Scroll to Top