Власта во Град Скопје, СДС, Левицата и ДУИ, гласаа речиси 2 милиона евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левицата и ДУИ, со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиона евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Град Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левицата. Овие пари ќе се трошат на нови вработувања, тендери и набавка на резервни делови од омилените компании на Данела Арсовска.
Тајната коалиција стана јавна, а Арсовска покажа дека е личност чии раце се натопени во криминал.
Јавноста мора да знае дека неспособноста и неработата имаат име и презиме, а тоа се врзува со Данела Арсовска и јавната коалиција СДС, Левицата и ДУИ“, се вели во соопштението.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Два милиона евра за покривање на криминалот на Данела во ЈСП гласаа СДС, Левицата и ДУИ е превземен од МАКФАКС.