„Тука сум само да ги сакам“: вака зборуваше Жарко Лаушевиќ за сопругата и децата

„Тука сум само да ги сакам“: вака зборуваше Жарко Лаушевиќ за сопругата и децата

пред 1 година

По тешко боледување почина познатиот актер Жарко Лаушевиќ, а оваа вест растажи многумина. Зад себе ги остави сопругата Анита и трите деца, синот Душан и ќерките Асја и Јана.

Душан и Асја ги имаше во брак со Маја од која се разведе во периодот додека беше во затвор. Подоцна замина во САД и се ожени со шминкерката Анита, со која ја доби ќерката Јана.

Иако не сакал многу да зборува за приватниот живот, еднаш признал дека никогаш не се мешал во животните одлуки на децата.

„Не сум, и никогаш нема. Тие сега се полнолетни, а јас сум тука само да ги сакам“, изјавил еднаш, пренесува „Блиц“.

Потоа го опишал и својот живот со Анита со која го поминал животот.

„Анита ми е партнерка, и не само во бракот. Исто така, многу ги цениме сите професионални предлози што ги добиваме еден од друг. Таа е многу подобра во тоа од мене, полесно забележува и подобро оценува, па нејзиното мислење секогаш ми е важно, можеби и најважно. Обично се каам кога не го почитувам нејзиниот став“, изјави Жарко.

Текстот „Тука сум само да ги сакам“: вака зборуваше Жарко Лаушевиќ за сопругата и децата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top