Страшни поплави во Доминиканската Република, се урна тунел на автопат, 21 загинат

Страшни поплави во Доминиканската Република, се урна тунел на автопат, 21 загинат

пред 1 година

Најмалку 21 загинат во Доминиканската Република по поројниот дожд во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија доминиканските власти, пренесе Би-би-си.

Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго.

Оперативниот центар за вонредни состојби соопшти дека дождот предизвикал поплавени домови, прекин на електричната енергија и оштетени мостови и патишта.

Доминиканскиот претседател Луис Абинадер го нарече „најголемиот дожд во историјата на земјата“, додавајќи дека наставата во училиштата е прекината до среда за да се осигура безбедноста на учениците и наставниците.

Дождот, кој е резултат на тропски циклон, се очекува да продолжи во понеделник во делови од земјата, соопшти американската амбасада.

Повеќето од 32-те провинции во земјата и понатаму се под црвено-жолта метеоролошка тревога, се додава.

Меѓу загинатите има четворица американски државјани и тројца од Хаити, пренесе агенцијата АФП.

Текстот Страшни поплави во Доминиканската Република, се урна тунел на автопат, 21 загинат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top