Драма среде море, во последен момент спречена катастрофа: британска нуклеарна подморница избегнала несреќа

Драма среде море, во последен момент спречена катастрофа: британска нуклеарна подморница избегнала несреќа

пред 1 година

Нуклеарната подморница на британската кралска морнарица избегнала несреќа по дефект на мерачот на длабочина поради што подморницата нурнала на многу опасно ниво, пишува британски „Телеграф“.

Подморницата,= на која се случи дефектот е од класата Vanguard и е во служба 30 години.

Екипажот се состои од 130 луѓе, а подморницата носи и балистички ракети „Тридент“.

Бродот требало да тргне во патрола кога мерачот на длабочина престанал да функционирал, па екипажот помислил дека подморницата стои во место, а всушност сè уште тонела, пренесува „Јутарњи лист“.

Дефектот бил забележан и подморницата била запрена во последен момент кога веќе потонала на многу опасна длабочина, каде што притисокот може да го оштети бродот.

Инженерите рекоа дека ја прочитале длабочината на друг мерач и веднаш го вклучиле алармот.

„Не е работа на инженерот да ја контролира длабочината на подморницата, но забележале каква длабочина е прикажана, па сфатиле дека нешто не е во ред. Технички, подморницата сè уште беше на длабочината на која знаеме дека нормално функционира, но ако потонеше само малку подлабоко, сите членови на екипажот ќе требаше да ги заземат своите места за акција. Тоа не се случи. Подморницата воопшто не требаше да биде таму и сè уште тонеше. Да продолжеше, не сакам ни да помислам што ќе се случеше“, рекол извор од морнарицата.

Подморниците со нуклеарно вооружување се во служба од 1969 година и се дел од морнарицата на Обединетото Кралство и извршуваат мисии за одвраќање.

Кралската морнарица има вкупно четири такви подморници во ротација.

Тие постари пловила веќе треба да бидат заменети со подморници од класата Dreadnought, кои се во изградба и треба да бидат завршени во 2030-тите.

Портпаролот на кралската морнарица рече: „Нашите подморници продолжуваат да ги исполнуваат своите одговорности, ги распоредуваме во глобални операции, тие ги штитат националните интереси и нѐ чуваат нас и нашите сојузници безбедни. Иако не коментираме конкретни детали во врска со операциите на подморниците, безбедноста на нашиот персонал е секогаш наш најголем приоритет“.

Текстот Драма среде море, во последен момент спречена катастрофа: британска нуклеарна подморница избегнала несреќа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top