Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

пред 3 години

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус, Монсеф Слауи.

„ Нашиот план е да обезбедиме вакцини на одредени локации за имунизација во рок од 24 часа од одобрувањето“ рекол тој во интервју за Си-ен-ен.

Исто така додал дека се надева дека колективен имунитет би можел да се постигне до мај следната година.

„ Со 95 процентно ниво на ефикасност, вакцинирањето ќе овозможи вистински колективен имунитет кај 70 проценти од населението. Тоа може да се случи во мај“ рекол Слауи.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ во петокот побараа од американската агенција за борба против лекови (ФДА) да им ја одобри вакцината против Ковид-19.

Share
Scroll to Top