Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави во Киев дека Пентагон ќе и испрати на Украина дополнителна помош во оружје во вредност од 100 милиони долари од постоечките американски резерви, вклучувајќи артилерија и муниција за системи за противвоздушна одбрана.
„Пакетот вклучува и друг артилериски ракетен систем Химарс“, рече Остин.
Остин истакна дека напорите на Украина да ги порази руските сили се „суштински за остатокот од светот“ и дека поддршката на САД ќе продолжи „на долг рок“.
Ова го изјави Остин за време на ненајавената посета на Киев, пренесе „Гардијан“.
Во Киев, Остин се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, министерот за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот, генерал Валериј Залужни.
Текстот Остин: САД ќе и испратат на Украина дополнителна помош за оружје во вредност од 100 милиони долари е превземен од МАКФАКС.