„Одговорност за дивеењето на Левицата во Собранието мора да има. Целата македонска јавност виде што следува со Левицата и ДПМНЕ, каков хаос им следува на граѓаните“, одговори Миле Талевски, пратеник на СДСМ, на новинарско прашање.
„Односот на Левицата и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери како ДПМНЕ да успеат“, додаде Талевски.
Текстот (Видео) „Виде народот со Левицата и ДПМНЕ каков хаос следува, тие се лонче и капаче“, рече Талевски е превземен од МАКФАКС.