(Видео) Мицкоски за видеото на Пекер: Целосно расветлување за „Мафија“ ќе има

пред 3 години

Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР, пишува на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?“, прашува Мицкоски.

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома, посочува Мицкоски.

Според него целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада.

Share
Scroll to Top