Ковачевски го пречека Столтенберг со највисоки почести

Ковачевски го пречека Столтенберг со највисоки почести

пред 1 година

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, со највисоки почести на платото пред Владата го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета првпат откако нашата држава е членка на НАТО.

Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со генералниот секретар Столтенберг по што ќе се одржи билатерална средба на двете делегации, на која од македонската Влада, покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во рамките на агендата, по завршувањето на билатералната средба, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Текстот Ковачевски го пречека Столтенберг со највисоки почести е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top