СЗО: Наша вработена беше убиена во Газа со своето бебе

СЗО: Наша вработена беше убиена во Газа со своето бебе

пред 1 година

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) објавија дека во текот на ноќта ја продолжиле операцијата во Појасот Газа, а биле пријавени и загинати.

Шефот на СЗО синоќа изјави дека една вработена во организацијата, Дима Алхај е убиена во Газа заедно со нејзиното шестмесечно бебе, сопругот и двајцата браќа.

„Моите колеги и јас сме уништени: денес изгубивме еден од нашите во Газа“, напиша шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека 108 работници на ОН биле убиени во Газа од 7 октомври.

Текстот СЗО: Наша вработена беше убиена во Газа со своето бебе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top