Маск на средба со Нетанјаху: „Мора да се запре пропагандата што создава убијци“

Маск на средба со Нетанјаху: „Мора да се запре пропагандата што создава убијци“

пред 1 година

Технолошкиот магнат Илон Маск денеска ја поддржа кампањата на Израел против Хамас, велејќи дека треба да ја запре пропагандата што доведе до крвавиот поход на палестинската група и ја поттикна војната во Газа.

Сопственикот на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, Маск дојде во ненадејна посета на Израел и одржа онлајн дебата со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Откако Нетанјаху повтори дека уништувањето на Хамас е предуслов за мир со Палестинците, Маск покажа разбирање за таквата гледна точка.

„Нема избор…И јас би сакал да помогнам“, рече Маск. „Оние чија цел е да убиваат мора да бидат неутрализирани. Пропагандата што ги прави луѓето убијци мора да се запре. И потоа да се направи Газа просперитетна. Ако тоа се случи, тоа ќе биде светла иднина“, додаде тој.

Нетанјаху одговори: „Се надевам дека ќе се вклучите. Фактот што сте тука доволно зборува за вашата посветеност на подобра иднина“.

Текстот Маск на средба со Нетанјаху: „Мора да се запре пропагандата што создава убијци“ е превземен од МАКФАКС.