Војната во Украина би можела да трае цела 2022 година, им порача Блинкен на европските партнери

пред 2 години

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен им рекол на европските сојузници дека Америка верува оти руската инвазија на Украина може да трае до крајот на 2022 година, изјавија двајца европски претставници за Си-ен-ен.

И европските и американските претставници проценуваат дека брз крај на војната во Украина не е на повидок.

Голем број официјални лица кои разговарале со Си-ен-ен нагласиле дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да трае војната, но неколкумина рекле дека нема индикации оти целите и амбициите на рускиот претседател Владимир Путин се промениле, додавајќи дека веројатно нема да бара мир преку преговори, освен ако не е соочен со воен пораз.

Предвидувањата дека војната во Украина би можела да се претвори во долготраен конфликт отстапуваат од руските очекувања од почетокот на војната, кога Москва сметаше дека брзо ќе го преземе главниот град Киев.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, рече дека борбите ќе продолжат со месеци или повеќе, а двајца европски претставници рекле дека веруваат оти борбите во источна Украина ќе траат уште четири до шест месеци и ќе резултираат со ќор-сокак за двете страни.

 

Share
Scroll to Top