Заробените работници во Индија на чекор до спас: „Ни рекоа дека за речиси еден час сите ќе излезат“

Заробените работници во Индија на чекор до спас: „Ни рекоа дека за речиси еден час сите ќе излезат“

пред 10 месеци

Спасувачите во вторникот успешно стигнаа до 41 маж заробени во урнатиот тунел на Хималаите, додека неколкунеделните напори за евакуација исполнети со неизвесност влегуваат во последната фаза.

Мажите се заробени од 12 ноември кога дел од тунелот што го граделе во северната индиска држава Утараханд попуштил, блокирајќи им го единствениот излез сo 60 метри скршена карпа, бетон и метал.

Инженерите претходно се обидоа да откопаат остатоци со тешка механизација, но беа принудени да ja напуштат акцијата доцна во петокот откако моќната машина од американско производство што ја користеа се расипа на само неколку метри од заробените луѓе.

Извршниот инженер на владата на Утараханд Авинаш Кумар Саини изјави за Си-Ен-Ен дека дупчењето конечно е завршено по 17 дена.

Текстот Заробените работници во Индија на чекор до спас: „Ни рекоа дека за речиси еден час сите ќе излезат“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top