Високопатоген вирус на птичји грип е откриен на фарма за мисирки во северозападна Франција, соопшти француското Министерство за земјоделство.
Во соопштението се наведува дека ширењето на заразата на фармата во Бретања е забележано откога птичјиот грип во последните неколку дена бил откриен кај дивите птици.
Министерството додава дека Франција го подигна нивото на тревога за птичји грип од „незначително“ на „умерено“.
Птичјиот грип, кој доведе до уништување стотици милиони живина во последните години, обично почнува да се шири во Европа во текот на есента и зимата.
Инфекцијата неодамна е откриена во неколку земји, меѓу кои Хрватска, Унгарија, Германија, Холандија и Италија.
Текстот Птичјиот грип се шири во Франција: од диви птици до живина е превземен од МАКФАКС.