Авиосообраќајот на скопскиот аеродром следните денови ќе се одвива регуларно

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром следните денови ќе се одвива регуларно

пред 1 година

ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29 ноември, 30 ноември и 1 декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно.

Од таму апелираат до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме.

Текстот Авиосообраќајот на скопскиот аеродром следните денови ќе се одвива регуларно е превземен од МАКФАКС.