Закажано фудбалско судење на векот: Велика Британија против Манчестер сити

Закажано фудбалско судење на векот: Велика Британија против Манчестер сити

пред 11 месеци

Фудбалското судење на векот, како што го нарекоа англиските медиуми, Велика Британија против Манчестер сити е закажано наредната есен, веројатно во октомври 2024 година.

Тогаш на Манчестер сити, актуелниот шампион на Европа и Англија, ќе му се суди за дури 115 поединечни случаи на прекршување на финансиските правила кои ги регулираат деловните и спортските одлуки на клубовите во Премиер лигата.

Откако Евертон беше казнет оваа сезона со одземање десет поени за многу поблаги прекршоци од оние за кои обвинителството ги поднесе против клубот во сопственост на кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати, на Островот се шпекулираа каква би била соодветна санкција во случајот со Манчестер сити.

Секако, се споменува и испаѓање, а во таа прилика менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, одговори дека има поголеми шанси да остане доколку тимот заврши во Лига 1, отколку ако ја одбрани титулата оваа сезона.

Истрагата за сомнежите за операциите на Манчестер сити траеше пет години, од 2018 година до почетокот на оваа година, а постапката пред судот ќе биде отворена за околу една година, пишуваат британските медиуми.

Тоа значи дека „граѓаните“ барем до почетокот на сезоната 2024/25 можат да размислуваат само за спортски теми, за разлика од сопствениците кои ја ангажираа најскапата и најмоќната адвокатска канцеларија во Велика Британија и најавија жестока борба против сите обвинувања.

Според медиумите, причина за одложување на почетокот на судењето е откривањето на нови интригантни информации и се поголемиот број сведоци кои се подготвени да дадат исказ во Обвинителството, па истрагата ќе трае практично до следното лето.

Пресудата се очекува во 2025 година, доколку не дојде до одлагање на почетокот на судењето.

Во текот на процесот, Сити ќе одговори на обвинувањата кои се однесуваат на деловни одлуки уште во сезоната 2009/10. Шеикот Мансур Бин Зајед Ал Нахајан стана сопственик на клубот во 2008 година.

За претседател беше назначен близок пријател на кралското семејство Калдон Ал Мубарак.

Share
Scroll to Top