Катастрофалниот порз на Фенербахче во Данска ги обележа натпреварите од претпоследното коло во фазата по групи, во Конференциската лига. Нордсјеланд го победи турскиот великан со 6:1 и ја презеде првата позиција во Х групата. Поразот на Фенербахче го искористи Лудогорец, кој со победата во Словачка над Спартак Трнава (2:1) ја презеде втората позиција на табелата.
Нордсјеланд до победата над Фенербахче го предводеше Нигрен со хет-трик, а по еден гол постигнаа Хеј, Свенсон и Расмусен. Единствениот гол за Фенер го постигна Батшуаи во финишот на првиот дел.
Во последното коло Нордсјеланд ќе му гостува на Лудогорец, а Фенербахче ќе игра дома против Спартак Трнава.
Turkish teams suffered heavy defeats tonight. Fenerbahçe fell behind 5-1pic.twitter.com/8yoxaoQqxr
— FootColic (@FootColic) November 30, 2023