(Видео) Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

(Видео) Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

пред 10 месеци

Комични сцени се појавија на социјалните медиуми пред почетокот на натпреварот во Конференциската лига меѓу Олимпија и Лил.

Теренот на модерниот стадион „Стожице“ и покрај добрата дренажа беше целосно натопен со вода поради обилните врнежи.

Организаторите бараа брз начин да го подготват за игра, неверојатно е кава идеја добија и се обидоа да ја спроведат.

Донесоа голем број крпи кои ги ставија на теренот и ги натопија со вода, која потоа ја цедеа покрај теренот.

Оваа генијална техника не им помогна.

Теренот остана во катастрофална состојба, а гостите подобро се снајдоа во такви услови.

Лил ја победи Олимпија со 2:0, со головите на Реми Кабела во 15. минута и Јусуф Јазиџи во 75. минута.

Така го задржа првото место во поредокот пред последното коло, додека Олимпиј е на последното место во групата.

Share
Scroll to Top