Натпреварот од 13. коло во Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Унион е одложен поради силната снежна бура која ја зафати Германија.
Снегот создаде големи проблеми во сообраќајот, предизвика вистински колапс, а дел од навивачите не можеа да присуствуваат на натпреварот.
Фудбалерите на Унион веќе пристигнаа во Минхен, а според Билд, теренот на Алијанц Арената би можел да биде подготвен за натпреварот. Сепак, поради тешкото доаѓање и заминување на навивачите, одлучено е натпреварот да се одложи.
Фудбалерите на двата тима нема многу да се жалат бидејќи зад нив е многу тежок период од настапот во домашната лига и Лигата на шампионите.
Според распоредот, следен ривал за Баварците е Ајнтрахт, на 9 декември во Франкфурт, додека берлинскиот тим истиот ден игра на домашен терен со Борусија Менхенгладбах.