Роналдо со „летечки карантин“ се врати во Торино за да игра против Меси

Роналдо со „летечки карантин“ се врати во Торино за да игра против Меси

пред 6 години

Кристијано Роналдо денеска тргна на пат, од Лисабон кон Торино иако во вторникот неговиот тест покажа дека е позитивен на коронавирусот.

Овој потег на Португалецот следува за да се избегнат задолжитените 14 дена карантин во Португалија и да се врати во Италија каде овој период е скратен на 10 дена. Роналдо ова го стори за да го скрати времето до новиот тест, па ако тој е негативен, тогаш првата ѕвезда на Јуве ќе може да настапи на дуелот против Лео Меси и Барселона закажан за 28. овој месец.

Фудбалскиот свет со нетрпение го чека новото соочување меѓу двајцата моментно најдобри фудбалери.

За да ги испочитува сите мерки на заштита и превенција затоа што го прекрши карантинот, Роналдо ќе плати казна од 1.400 евра. Тој изнајми приватен авион на итна помош и со него отпатува за Торино.

Share
Scroll to Top