„Бидејќи Љупчо Палевски-Палчо никој не го познава во Македонија, изгледа останувам единствениот кој добро го знае, a и како да не го знам човекот кој направи специјален весник за мене, СТАРТ кој траеше колку и мојот мандат, каде беа изнесувани сите дезинформации, лаги за говорот на омраза и да не зборувам за мене и блиските луѓе“, пишува на социјалните мрежи, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија.
„Општа констатација е дека системот на неказнивост родила монструм, но проблемот е што Македонците се заљубени во тој систем!? Системот има име “Длабоката југословенска држва” и нејзиниот огранок во Македонија“, додаде Георгиевски.
Текстот Љубчо Георгиевски објави листа со лични пријатели на Палевски, меѓу нив Црвенковски, Верушевски, Костов… е превземен од МАКФАКС.