Италијанска пресуда – службена победа за Јуве, минус 1 бод за Наполи

Италијанска пресуда – службена победа за Јуве, минус 1 бод за Наполи

пред 4 години

Фудбалскиот сојуз на Италија конечно пресуди околу неодиграниот меч меѓу Јувентус и Наполи во рамки на Серија А.

На Јувентус му е запишана службена победа со резултат 3-0, додека Наполи е казнет со одземање на 1 бод затоа што клубот од југот на Италија не отпатува во Торино за мечот кој требаше да се одигра на 4 октомври годинава.

Од таборот на клубот од Неапол одбија да патуваат кај италијанскиот шампион затоа што македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој е член на клубот и неговиот соиграч Пјотр Зиелински беа позитивни на коронавирусот, па локалните власти препорачаа екипата да биде во самоизолација.

Од Наполи бараа мечот дополнително да се игра, во друг термин, но судијата по спортски прашања во ФС на Италија беше немилосрден следејќи ги правилата.

Од „Старата дама“ ги почитуваа правилата кои велат дека една екипа може да игра доколку во тимот има 13 способни играчи, вклучувајќи во тие еден голман. Играчите на Јувентус дојдоа на стадионот и излегоа на теренот во предвидениот термин.

Share
Scroll to Top